Преку видео порака кандидатката за советник во Советот на општина Пробиштип Марина Милановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во јавност ги афирмираше дел од проектите предвидени во програмата за работа во наредните 4 години на градоначалникот Маријан Миленковски од областа туризмот.
“Нашиот град Пробиштип е прекрасен град. Град со богата природа, град на гостопримливи и срдечни граѓани, град со интересни и прималви туристички локалитети.
Туризмот е моќен стопански сегмент за развој на економијата, главен двигател и основен столб на социо-економскиот напредок во развиените општини, но и на општините во равзој.
За жал, тоа не е случај со нашата општина.
Партизираната раководна власт на СДСМ не направи ништо за привлекување на инвестиции, ниту пак иницираше некоја меѓуопштинска или регионална сорботка во областа на туризмот и угостителството со цел унапредување и промоција на оваа важна стопанска гранка.
Затоа време е за сериозни инвестиции во туризмот. Да им ја покажеме и на другите вредноста и убавината на Лесново, нашиот природен бисер, место на духовен мир и спокој.
Ќе се посветиме на квалитетен одржлив развој и промоција на туристичката понуда која ќе ги вклучува и локално организираните туристички настани, се со цел поголем придонес во економскиот развој, намалување на сиромаштијата, зачувување на биодиверзитетот и правилно менаџирање на природните ресурси.
Ќе работиме посветено, чесно и одлучно за подобра иднина на сите генерации.Ќе го градиме Пробиштип во духот на современите европски вредности.
Време е да создадеме нова иднина!”
-соопшти Марина Милановска од ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг