БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

УЈП ќе ги промовира дисциплинираните плаќачи на данок

Пренеси го гласот

ОД ПРВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ 01/2014, ДО ПОСЛЕДНАТА 07/2024

Пред точно десет години, на 10 јуни 2014 година Управата за јавни приходи ја објави првата Листа на должници, согласно со тогаш воведена нова законска обврска.

Објавата на листа на должници е мерка која ја применуваат даночните администрации како одраз на својата транспарентност и отчетност пред јавноста за дисциплината на даночните обврзници, како и за својата ефикасност во управувањето со заостанатите долгови.

“Општествениот договор” за плаќање даноци се заснова на принципот секој даночен обврзник да го плати точниот износ на данок што го должи, во точно време. Нередовното и нецелосно плаќање на даночните обврски, како појава која генерира заостанати – неплатени даночни долгови, е негативна отстапка од овој принцип. При тоа, доцнењето при плаќањето може да произлегува и од финансиски потешкотии на даночниот обврзник, но таквото доцнење може да биде прифатено од УЈП и не се гледа преку листата на должници доколку даночниот обврзник истото го регулирал на законски дозволен начин преку механизмот одложено плаќање (репрограм).

Освен преку листата на должници, јавноста добива информации за нечесни даночни однесувања и од други извори. Но како УЈП треба да го промовираме и однесувањето на мнозинството даночни обврзници кои се даночно усогласени и го преземаат товарот да ја полнат државната каса. Пред нас е нов предизвик да најдеме форма на јавна објава на информации за примерите и обрасците на позитивно даночно однесување.

Уште поголем предизвик за УЈП е да ја подигне својата оперативна ефикасност во наплатата на заостанатите долгови и целокупното работење. Автоматизација на деловните процеси, електронско управување со работниот тек во функциите, објективна селекција и приоретизација на работните задачи врз основа на анализа на ризици и сл. се реални резулати кои треба да ги испорача УЈП, како алатки за поефикасна наплата и одржување оптимално ниво на залихата на заостанати даночни долгови.

Извор: Elena Petrova

Креирано од:


Пренеси го гласот