БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Убедлива победа на Гордана Сиљановска во Брегалничкиот (Источен) регион со освоени 38.916 гласови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На вчерашните одржани Претседателски избори во единаесетте општини во Брегалничкиот (Источен) регион, убедлива победа над останатите кандидати однесе Професорката Гордана Сиљановска Давкова со освоени 38.916 гласови, што е за 6.199 гласови повеќе во однос на Стево Пендаровски.

Од вкупно 11 општини во Брегалничкиот регион Професорката Гордана Сиљановска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за Подобра Македонија, голем број на интелектуалци и граѓани, победи во 9 општини што е особен куриозитет за целиот регион.

Најголема разлика во освоени гласови која изнесува 1601 глас во однос на Стево Пендаровски, Гордана Сиљановска освои во регионалниот центар Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и дополнителни 31 партија победи само во две општини, со 32.717 гласови што сериозно претставува основа за преиспитување на неговата политика, како и политиката на политичките партии кои го поддржуваат во однос на доминантното Македонско национално ткиво кое живее во овој регион.

Стево Пендаровски од двете освоени општини (Берово, Делчево) поголема разлика од 432 гласови освои во Делчево.

Блерим Река во Брегалничкиот регион освои 780 гласови што претставува соодветна потврда за неговите политички пораки упатени во предизборниот период.

[Best_Wordpress_Gallery id=”103″ gal_title=”Резултати Брегалнички ПИ 2019″]

Од вкупно запишани 151.862 избирачи во регионот гласале 76.419 гласачи (50.32%) што е далеку над неопходниот минимум за цензус во втор круг за избор на Претседател од 40 %.

Битката во вториот круг ќе се бие помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, со што Брегалничкиот регион како и останатите 5 изборни единици ќе допринесе кон вкупниот резултат со кој ќе биде изберен новиот претседател на државата за наредните пет години.

Деталната анализа за резултатите постигнати во секоја од 11-те општини како и вкупниот резултат во Брегалничкиот регион е прикажана во следната аналитична табела:

Клик на графичкиот табеларен приказ за преглед во поголема резолуција

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace