БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Благодарност од Проф. Сиљановска за укажаната поддршка: “Победата на 5 мај И ја должиме на Македонија”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По вчерашниот одржан прв круг од Претседателските избори, Професорката Гордана Сиљановска Давкова упати благодарност до сите кои ја поддржаа и гласаа за нејзиниот концепт за одбрана на Македонските национални интереси:

Од сѐ срце ви благодарам за сета поддршка во првиот круг на изборите. Ве имаше во голем број во сите делови на земјата, од сите етнички и верски групи. Се обединивме поради потребата од право и правда, во знак на отпор кон неправдата и беззаконието.
И тука нема да запреме.Македонија се наоѓа на пресвртница: или ќе се избориме за демократија и владеење на правото или ќе попуштиме пред оние кои не избираат средства за присвојување на сета власт во авторитарна, Северна Македонија. 

Македонија за која ние се бориме е демократска и со граѓани кои не се плашат да преземат одговорност за заедничката иднина. 
Во наредниот период ни преостанува да зачекориме сложно. Обратете им се на вашите најблиски, роднини, пријатели или колеги кои можеби не сме успеале да ги убедиле да излезат и да гласаат вчера, тоа да го направат на 5-ти мај. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Да дадеме се од себе. И ние и вие. Јас верувам во вас и во Македонија. Победата на 5 мај ѝ ја должиме на Македонија. Тогаш победнички ќе запееме: „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата!“ 
И правда за Македонија!

Татковината не повикува!

-напиша на фејсбук Професорката Гордана Сиљановска Давкова

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace