Ханс Лотар Штепан беше и сѐ уште е (макар физички почина 2011 година) еден од ретките амбасадори во Република Македонија, кои целосно (во секој поглед) стоеја на нејзина страна – на страната на македонскиот народ, македонската држава, македонското име и историја. Со сета научна скрупулозност ја напиша книгата „Македонскиот јазол“, која ретко кој Македонец ја поседува и која ретко кога се преиздава – барем колку што знам. Напишана е со полно срце, ум и научно знаење. Денес, кога ги славиме Кирил и Методиј, ред е да се спомне и овој човек. Дел од неговите размислувања можете да чуете во интервјуто од 2008 година. Вреди да се погледа и чуе, бидејќи има нешто многу човечко во себе.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!