БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наќе Чулев за акцијата за откривање на незаконски активности при делењето на хуманитарна помош од страна на СДСМ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во своето гостување во дневникот на Македонската телевизија зборуваше за акцијата на полицијата за откривање на незаконски активности при делењето на социјални пакети од страна на активистио на СДСМ во Струмица.

“❗ Денес гостував во вестите на Македонската телевизија. Во изјавата давам одговор на новинарско прашање поврзано со видеата кои беа објавени на социјалните медиуми, а на кои се гледа лица кои делат пакети – донација во Струмица.

✔️ Во конкретниот случај станува збор за редовно постапување на полициските службеници во вакви случаи и доколку постојат елементи на сторени кривични дела истите ќе бидат процесирани до Основното јавно обвинителство.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✔️ Од страна на ОЈО Струмица дадени се насоки за преземење на активности со цел идентификација на лицата, но и утврдување на потеклото на донацијата, критериумите за делење, начинот, но и дали се побарани одредени противуслуги од лицата кои се приматели на донацијата.

✔️ Дополнително, Секторот за внатрешни работи од Струмица презема мерки за соодветно санкционирање на лицата во видеото кај кои е забележано дека не ги почитуваат одлуките на Владата за употреба на заштитна опрема, држење дистанца и групирање.”

-напиша на фејсбук Наќе Чулев.

Креирано од:


Пренеси го гласот