Откако се промени Уставот и следеа честитки за храбрата одлука; откако се прифати Тиранската платформа; откако се воведе двојазичност на целата државна територија, па следи „само“ нејзино спроведување (имплементација ли се викаше?); откако се потпиша Договорот со Бугарија и Спогодбата со Грција; откако комисиите од Бугарија и Грција седнаа да ги чешлаат учебниците (омилен и неверојатно креативен термин на новинарите, како да се наоѓаме во берберница, па нè чешлаат) Запад порача дека сега можеме да седнеме (на што да седенеме, не кажа) и да поработиме не неоходните реформи, кои се неопходен услов за влегување во ЕУ и (можеби) во НАТО. Потоа, ќе размислеле дали ќе нè примат.
Во меѓувреме, се прават комбинации за можниот претседател на деструираната држава (некои велат новата држава) и целосно раштимуваното општество. Кој од прстите ќе го ставиме во устата, накнадно ќе биде утврдено. Меѓутоа цицањето, во сите варијанти, не бега, заедно со заслепувачката светлина на иднината, кон која (заслепени) одлучно чекориме.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи