На пописот ќе немало хартија, но ќе имало лаптопи. Добро, ќе има лаптопи, но ќе нема каде попишаниот да стави потпис, со кој би ја потврдил веродостојноста на дадените податоци, бидејќи не е објаснето како попишаниот (ве молам, без двосмислено читање на зборот „попишан“!) ќе се потпише во лаптоп. Ако нема потпис, нема и веродостоен попис. Тогаш, кому е потребен попис без потпис? Или, сѐ се сведува на „Верувајте ми на чесен збор!“ на попишувачот, односно власта
П.С. За пописот, како и за многу новонајавени промени, треба да се реагира веднаш и одлучно, бидејќи искуството покажува дека накнадните реакции, вклучувајќи ги и протестите, се попусти.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи