Еден познат советски дисидент (антисталинист) прашан дали, кога повторно би можел да се роди, би го избрал Сталин, одговорил потврдно, додавајќи дека без Сталин неговиот живот би се обесмислил. Како би можел да биде тоа што е (антисталинист) кога не би го имало Сталин? Сакајќи се себе си, тој (на помалку парадоксален начин) го сакал/посакувал и Сталин.
Чуден, збунувачки е животот човечки, бидејќи секој доаѓа до себе преку својата спротивност – антитиранот, преку тиранот; чесниот, преку нечесниот; добриот, преку лошиот. Во право бил Хегел кога тврдел дека спротивностите взаемно се претпоставуваат, па дури и проникнуваат – како слугата и господарот, на пример. Но, со една „мала“ разлика – слугата може без господарот, господарот не може без слугата. Препуштен самиот на себе, тој набргу ќе пропадне. Само што слугата не е свесен за тоа. Затоа, треба да се работи на свеста на граѓаните.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС и грижа за спортот?
Јаневска: Со постоење на лажните дипломи, оние кои реално се градат интелектуално во своето образование ја напуштаат државата
Средба на Македонски пратеници со Пол Мекарти и Џејмс Карафано