БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: УБИСТВЕНО САМОУБИСТВЕНИ ПОЛИТИКИ.

Пренеси го гласот

Загрижувачко е сознанието дека дел од балканските земји водат убиствени политики, еднакви на самоубиствени политики. Некои замји водат убиствени политики, бидејќи повторно ги оживуваат соништа за нивната претпоставена големина – како територијална, така и национална – заборавајќи дека токму нивната мегаломанија, дека нивните налудничави претензии кон соседните земји и нации, ги предизвикаа нивните трагедии во поновата историја, идентични на самоубиства.Токму во оваа смисла, го употребувам терминот „убиствено самоубиствени политики“, бидејќи, сакајќи да ги уништат/окупираат соседните земји и нации, самите се доведуваа до самоубиства. Тоа се потврди со Бугарија во Втората светска војна, чија убиствено, но и самоубиствена политика ја плати бугарскиот народ. Тоа се потврди, исто така, со политиката на Милошевиќ и неговото залагање сите Срби да бидат во една држава, сеедно што беа во една држава – Југославија! Денес, за жал, повеќето Срби се во една држава, која честопати (коловијално) се нарекува Ужа Србија. Цехот, како и со Бугарија, повторно го плати народот. Од друга страна, ја имаме досега невидената самодеструкција на сопствената држава и народ, еднаква на самоубиство, која е резултат на постоечките власти во Македонија. Да се потсетуваат како завршија Петен или Квислинг, не вреди. Нивната заслепеност, нивната самообземеност, нивната аздисаност не дозволуваат до нив да продре било каков разумен повик.

П.С. Во прилог приложувам две фотографии на Софија, бомбардирана од антифашистичката авијација на САД и на Обединетото Кралство. Исто така, приложувам линк на кој може инфрмативно да се прочита како поминувала „нефашистичка“ Бугарија, од страна на антифашистичката авијација на САД и Обединетото Кралство. Денешните бесмислени негирања дека Царска Бугарија била фашистичка и дека капитулирала пред Црвената армија не се ништо друго, освен тоа што се – лаги! Да постирам фотографии на СРЈ од 1999 година, е непотребно. Сеќавања се сѐ уште свежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот