БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: За претстојното можно обезличување на Македонскиот народ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Професорот на филозофскиот факултет Љубомир Цуцуловски на фејсбук се обрати со своја значајна поента во врска со актуелниот процес на обезличување под кој што е подложен Македонскиот народ:

Во предизборната кампања Џон Кенеди се служеше со привлечната крилатица: „Не се прашувајте што Америка направи за вас, туку што вие направивте за неа.“ Звучи убаво, фино и некако демократски. И, додека црно обоените се прашуваа што направиле за Америка, се најдоа во Вијетнам. Потоа, таму се најдоа и сите останати. Но, веќе беше касно. Резултатот беше околу 60.000 загинати американски граѓани.

Во што е проблемот? Проблемот, помеѓу другото, е во тоа што сѐ што звучи привлечно не мора да е добро. Во конкретниот случај, користената крилатица има тоталитаристичка природа – на прво место не го става човекот, поединецот/единката (американскиот граѓанин), туку се поставува една апстрактна целина/тоталитет, каква што е Државата. Наместо единката/поединецот да бидат во центарот на вниманието, поставен е тоталитетот/целината, постапка својствена за секој тоталитаризам. Така, во нацистичка Германија луѓето не се прашуваа што направила Германија (Државата) за нив, туку што тие направиле за неа; во СССР не се прашуваа што Партијата прави за нив, туку што тие прават за неа, како тие да се тука заради неа, а не обратното. На тој начин, единката е супституирана/заменета од целината/тоталитетот, кој се изедначува со интересот на моќните, богатите. Нешто слично се случува и кај нас. Додека се прашуваме што направивме за НАТО и ЕУ, може да дојде до целосно обезличување на Македонецот.

-напише на фејсбук Професорот Цуцуловски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace