Подготовките на годинешниот Тиквешки гроздобер 2018 веќе се во тек. Гроздоберската програма ќе започне во петок, 7 септември, во 10 часот со меморијалниот турнир „Сестри Китеви“, а свеченото отворање на Тиквешкиот гроздобер 2018 ќе започне во 12 часот, во Домот на култура „Иван Мазов – Климе“.
Кавадарци оваа година ќе ви понуди богата музичка и забавна програма. Ве очекува : промоција на книга, натпревари со коктели во вино, трка на келнери, презентации и дегустации на вина, спортски натпревари, изложба на old timer возилацртање на графити, детска програма, карневалско дефиле по кавадаречките улици и многу други настана.
Од музичкиот дел ќе ве забавуваат настапите на SAF Sound system и DJ George, Слаткаристика и Криско, DJ Sandy Rivera и DJ Mossel кои ќе настапат на платото пред костурницата.
А манифестацијата ќе за заврши концертот на мега популарната Цеца.
Кавадарци ве очекува на екстра забава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава