
Еден добар човек одлучил редовно да ги храни своите домашни глувчиња, знаејќи дека ако бидат нахранети, нема да му крадат од храната. Ако нема да му крадат од храната – значи, ако бидат задоволни – тогаш не ќе има потреба да ги убива. Така, со години си живееле во слога и среќа. Гледајќи ги ужасните слики од Франција, помислив дали граѓаните на Франција, или на било која друга држава, би протестирале, ако нивниот стопан (државата) се грижи за нив? И, според тоа, дали би биле тепани и убивани токму од државата и од нејзините репресивни механизми?
Проблемот, помислив, не е ниту во глувците, ниту во граѓаните, туку во стопаните/државите, кои ги тепаат и убиваат, само затоа што не им го даваат она што природно им припаѓа. Потоа тепаните, незадоволните, обесправените и потиснатите, а не власта, биле виновни. Сешто!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи