БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ученичка во седмо одделение од ООУ “Ванчо Прќе”, Делчево се омажила бегалка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна денеска шокантна информација која што го доведува во прашање функционирањето на целокупниот општествен поредок во државата.

Во општинското основно училиште Ванчо Прќе во Делчево од утринава се проширила информацијата дека едно од децата која е ученичка во седмо одделение, се омажила и покрај нејзината возраст. За овој своевиден скандал да биде уште поголем, според информациите кои што беа доставени до нашиот портал станува збор за мажење во својство на т.н. бегалка.

За ваквиот вид на мажење како Бегалка пишува и Македонскиот писател Васил Иљоски во истоимената драма која третира љубовна врска сместена во Отоманската Империја на почетокот на XX век.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквиот случај во Делчево во 2024 година сериозно треба да ги загрижи воспитно-образовните институции како во Делчево, така и во државата, но истовремено социјалните служби мораат да си го преиспитаат своето работење. Овој случај е исто така вистински аларм и за сите граѓани во Делчево и во државата за актуелните прилики и состојби во семејствата.

Лошата економска состојба особено кај семејствата во општините во периферијата во државата какво што е Делчево, е повеќе од евидентна за што говорат низа на статистички податоци а токму таа е пресудна во потребата од бегство на младите од Делчево и сличните општини.

За справување со вакви несакани случаи потребна е подготвена и добро екипирана стручна служба која очигледно по ваквиот случај сериозно недостига со што претендираме да се најдеме во неразвиени земји од т.н. Трет Свет.

Креирано од:


Пренеси го гласот