Денеска се случи нешто што речиси никогаш и да не се случило во поновата Македонска историја. Тоа беше отворениот вербален јавен напaд на Министерoт за локална самоуправа Горан Милевски од ЛДП против Митрополитот Повардарски Агатангел.
“Сакам да реагирам на политичките изјави кои што денес ги слушнавме од Владиката Агатангел, мислам дека е срам за мантијата која што ја носи и повеќе му прави срам на црквата отколку што тој самиот си прави срам за себеси бидејки да беше свесен што зборува, тоа немаше да го каже. Како што црвите и мувите се штетници за лозарите, така господинот Агатангел ако можам да го наречам господин е штетник за црквата за народот и за граѓаните. Мислам дека црквата треба да се свести кој во неговите редови се владици и кој ги пушта на вакви настани кои што тука го напаѓаа голем дел од македонското христијанско население и го величаа лидерот на опозицијата. Тоа не му носи поени, најмалку му носи поени на лидерот на опозицијата кога стигнал лик како Агатангел да го фали, нека му служи на чест”.
Со вакви погрдни зборови министерот од владата на Ковачевски и лидер на ЛДП, Горан Милески, го коментираше денешниот говор на митрополитот на поварадарската епархија Агатангел на настанот за закројување на лозјата што денеска се организираше во Кавадарци по повод празникот Свети Трифун – Денот на лозарите.
Ваквиот вербален напад од политичар од коалицијата на власт удира длабоко во секуларната природа на државата што претставува уставно прекршување од страна на Министерот Милевски.
Дополнително ваквиот вербален напад има за цел мешање во црковните работи во Македонската Православна Црква како духовен храм на Македонскиот православен народ кој што има огромна почит во ликот и делото на повардарскиот митрополит.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти