Веќе стана традиција претставниците на СДСМ да бидат исвиркувани и укани од страна на присутниот народ на Мечкин Камен во рамки на одбележувањето на годишнината од кревањето на Илинденското востание.
За ваквиот “успех” на анационалната политика на СДСМ допринесоа редица на “лидери” седнати на главната фотења во партиското седиште на Бихаќчка, но се чини делото на Зоран Заев по многу нешта е ненадминато.
А како еден од најистурените министри во владата на Зоран Заев, Венко Филипче кој што во моментот го носи плаштот на СДСМ како предводник на оваа политика, во никој случај не покажал знаци за дистанцирање од таквите политики на неговиот политички ментор и пријател Зоран Заев. Баш напротив, на јавна сцена од Венко Филипче гледаме бледо продолжение на политиките на Зоран Заев.
Прв јасен индикатор за ваквото продолжение на политиките на Зоран Заев во СДСМ е меѓународната турнеја која ја имаше Венко Филипче во странство каде што се обиде да оствари контакти со позначајни европски политичари, пред неколку месеци, а од каде упати пораки кои што во себе ја содржеа таа нишка на забегана сервилност кон либерално-левичарските политичари во земјите на западна европа преку која се обиде да се додвори на позначајни центри на моќ во Брисел и големите европски земји. Но откако наиде на дебакл во оваа своја турнеја, која помина со речиси никаков одек во јавноста, а особено беше игнорирана од јавноста во Македонија, Венко Филипче се забарикадира зад портата на зградата на партиското седиште на Бихачка, веројатно во обид да си ги преброи “пријателите” на кои може да смета за негова поддршка, а кои се особено проретчени.
Втор очигледен индикатор за тоталната криза во СДСМ е спроведувањето на црната кампања која со месеци упорно ја “фура” естаблишментот околу Венко Филипче со која го јачаат неговите- овој сепак неискусен политичар дека со таков тип на кампања ќе успее да продре на политичката сцена во Македонија, а која никако не дава некаков позитивен резултат во остварување на повисок рејтинг на СДСМ помеѓу граѓаните, баш напротив, драматично се продлабочува падот на поддршката кај Македонските граѓани.
Политичката некрофилија за злоупотреба на немили настани во државата, преку која се обидоа неуспешно да испрофитираат политичките дунстери насобрани околу Филипче во врвот на раководството на СДСМ исто така придонесе кон тој драматичен пад на поддршката кај јавноста.
Во последните 1-2 месеци прес конференциите на СДСМ се претворени во паушално негирање на било која владина политика, мерка или активност, заборавајки дека до само пред една година СДСМ беа власт која немаше речиси никакви мерки и политики за решавање на овие проблеми , чија што присутност актуелната влада ги решава постепено со видлив интензитет. Пример за ваквото однесување на СДСМ е критикувањето на армиските возила кои што беа ставени на располагање на надлежните институции за справување со појавата на пожарите. Во времето на СДСМ овие возила кои сега можеше да се видат насекаде каде што беше потребно во борба против огнените јазици, лежеа во хангари и депоа- неупотребливи, така што повеќе од јасна е политичката аргументација зошто СДСМ наголемо го има изгубено компасот на политичка релевантност.
Во парламентот пратеничката група на СДСМ составена од најголем број поранешни високи функционери во владите на СДСМ на Зоран Заев и Димитар Ковачевски, е повеќе од црна дупка на политичкото милје во државата. Во таа насока ќе го споменам примерот на еден поранешен премиер како Таче, кој што денес воопшто не може да се види со релевантна и издржана дискусија во Македонскиот парламент за подобрување на било кој аспект од секојдневието на граѓаните. Оливер Спасовски како поранешен министер за внатрешни работи во неколку наврати се обиде да се позиционира како политички предводник на СДСМ во парламентот, но сенката на Зоран Заев во чие што градење учествуваше самиот Оливер Спасовски е премногу црна за да може да се излезе на виделина во јавност со релевантност помеѓу граѓаните.
За локалните организации на СДСМ ширум државата не сакам ниту да трошам време за анализа на нивната состојба.
Со ваква деградација на СДСМ на сите позначајни нивоа на политичко пропаѓање, на сите страни, СДСМ влегува во трка за локални избори, каде човек не треба да биде некој особен експерт за да го предвиди најголемиот изборен дебакл на СДСМ кој ќе се случи на 19 октомври.
Дали рокот на важење на СДСМ на Македонската политичка сцена е поминат? Што ќе значи тоа за севкупните политички процеси во Македонија во годините што претстојат?
Евидентно е дека е потребна општа модернизација на Левичарското движење и идеологија во Македонија, а политичката партија Левица која се претставува како таква сериозно трпи од истите грешки кои ги правеше/и СДСМ:
-обојување на се што постои во државата со црна боја,
-паушални површински политички тези и ставови,
-недостиг на квалитетна содржинска и кадрова понуда за подобрување на стандардот на граѓаните,
-ниско ниво на политичка култура, дијалог и толеранција- со еден збор демократија.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ токму по сите овие прашања силно тегне напред со јасно разработена краткорочна и долгорочна стратегија што резултира со огромната поддршка на граѓаните која во континуитет не само што се одржува туку и расте.
Исходот на локалните избори во октомври е повеќе од јасен, но од оваа неколку месечна дистанца се поставува прашањето што потоа?

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час