БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ултиматум за Заев до утре до 14.30 да си го исполни ветувањето и да поднесе оставка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати јавен ултиматум до премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка онака какко што вети пред 7 денови на прес конференцијата по катастрофалниот пораз на локалните избори

“Утре, најдоцна до 14.30 часот, во Собранието ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата, :

-рече Христијан Мицскоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој рече дека прво ќе се почека премиерот Зоран Заев да го исполни ветувањето и да ја достави најавената оставка.

Мицкоски ги повика и останатите пратеници, покрај оние 61 кои, како што напомена, се веќе дел од мнозинството, да им се придружат.

– Отворена е вратата за секој што мисли дека оваа Влада на Заев не е добра. Секој што ја поддржува оваа Влада, нормално дека нема да биде дел од пратениците кои ќе гласаат недоверба. Тука не постои политичка партија, туку се работи за пратеници. Вкупно 61 застанаа зад иницијативата. Ги повикувам и останатите да се придружат, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, по поднесувањето на иницијативата, процедурата ќе биде во рацете на претседателот на Парламентот кој треба да ги почитува постапката и роковите.

Креирано од:


Пренеси го гласот