Членови на најбројниот политички подмлоадок во Република Македонија вечерва на најубав можен начин ја прославија 28 годишнината од основањето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Со голема забава во една струмичка дискотека заедно со Професорката Гордана Силјановска Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески ја искажа поддршката што младите во државата ја упатуваат за кампањата на Професорката со искрена желба за победа на претстојните претседателски избори.
Притоа роденденот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го честита и Професорката на фејсбук:
Роденденот на Унијата на Млади Сили, 28ми по ред, го прославивме во дискотеката “Селект” во Струмица. Младите се наша водечка сила, наша надеж и мотивација за среќна и просперитетна Македонија. Тие се нашата иднина! Од срце им посакувам уште многу родендени и успеси!
-напиша Гордана Силјановска на фејсбук.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист