БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љупче Петрески: „НЕ МИ СПОМНУВАЈ МАЈСТОРИ“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Овие се најчестите зборови кога некој ќе спомене мајстори во домот. Денес ретко ќе сретнеш човек кој ќе рече: „Во мојот дом работеа мајстори и целосно сум задоволен од сработеното.“ Многу ретко договореното, со мајсторот, е остварено на крајот. Мајсторите секогаш имаат „оправдани“ изговори (ѕидот е крив; машината ми се расипа; не се квалитетни материјалите; кошулицата не е рамна; ова мора да биде вака, не може поинаку; утре ќе дојдам оти денес машината ми се расипа; ќе биде тоа за брзо, деновиве…) зошто тоа и тоа не излегло според договореното и очекуваното од нас, нивните муштерии или инвеститори (а тие изведувачи). Пробивањето на договорените рокови се секојдневие со мајсторите, но муштеријата е врзан“ и нема каде да бега откако мајсторот му зел капар. Често се случува, кога извршуваат некоја работа, од невнимание и несмасност да направат и штета настрана од нивниот делокруг на работа и т.н.

Исто така, многу често се злоупотребува културата и добрината на муштеријата. Па добро бре луѓе, ако тој е добар и културен, не значи дека е глуп!

Секако дека не се сите мајстори, односно изведувачи, исти. Има мајстори кои навистина си ја знаат работата и не си дозволуваат „луксуз“ муштеријата да биде незадоволен. Ова го тврдам затоа што во последниве два месеци во мојот дом се претераа дузина мајстори (секоја им чест!), но кога помислив: „досега се’ помина одлично, само уште со последниов мајстор да биде како со другиве“ но, НЕ!
Чекајте бре луѓе„ Не може секој да биде мајстор! Не може, му текнало, ја обесил теслата на задникот и „ќе бидам мајстор“. Таквите мајстори често предизвикуваат и материјална и финансиска штета (како во приказната со Ѓорѓи Колозов), а муштеријата може да доживее и нервен слом.
Поентата ми е: кој ќе ја плати штетата што ја предизвикал несовесниот „мајстор“ (на пр. ја наместил дограмата накриво или лошо го наредил паркетот)? Вообичаено муштеријата си ја плаќа штетата, откако ќе се испокара со „мајсторот“, но не смее тоа така да биде. Одговорност мора да има и штетата треба да си ја плати мајсторот. Знам, знам, во вистинските држави си има договор, па судови, па плаќање пенали и т.н., но ние живееме во Македонија!
Како и да е, на ваквото безредие и немајсторство мора да му се стави крај. Не може секој да се нарекува МАЈСТОР! Како што реков, ја ставил теслата и ќе биде мајстор. Мислам дека треба некој нему да му издаде документ, диплома ли, сертификат ли, дека навистина го испечил занаетот и може да работи самостојно, без надзор од мајсторот. Па муштеријата да види дека нему му издал диплома, тој и тој познат и докажан мајстор и т.н. Во таков случај, верувам дека сите ќе работат на својот углед и авторитет и нема да сакаат да биде извалкано“ нивното име или името на мајсторот кај кого што чиракувале“.
Темава е навистина опширна и не може се’ да се опфати во еден пост (би бил предолг, а долгите постови ретко кој ги чита) па затоа завршувам со поздрав до вистинските мајстори што работеа кај мене.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пишува Љупче Петрески

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace