БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Урбанистичко планирање во функција на локалниот економски развој на општините

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.

Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкуретноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој.

Имено, со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку  Министерството за транспорт.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од причина, а имајќи предвид дека урбанизацијата за овој тип на градби на локално ниво се одвива со забавена динамика,  државата со оваа измена обезбедува помош на инвеститорите преку поефикасна и побрза реализација на инвестиционите планови.  Исто така со предвидените измени се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите.

Оваа подзаконска измена има за цел да ја поттикне конкуренцијата и да ги намали инфлаторните движења во услови на силни предизвици во делот на снабдување во ланците на исхрана. Забрзаните постапки не се само административни измени, тоа е мерка која ќе обезбеди посилна конкуренција и динамичен развој на државата.  Сметаме дека преку овој пристап инвеститорите добиваат поголема сигурност и предвидливост во постапките.    

Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на стручната јавност во процесот на носење на измените, одржувањето на денешната стручна јавна расправа е чекор понапред во отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни.

Министерството за транспорт со своите политики останува посветено на создавање на решенија кои создаваат брз економски развој и поквалитетни услови за живот за граѓаните. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace