Во рамките на активностите за обновување на терените за игра на децата во Кочани, освежено е детското игралиште кај „Колор“. Теренот за баскет е обележан и е поставена нова табла со кош, поправени и пребоени се постојните реквизити. Непосредно до детското игралиште се засадени нови дрвца.
Во завршна фаза е и реконструкцијата на паркот во Стришани, каде што се изградени нови жардиниери со нови седалки, пешачката и парковската зона се поплочени со павер елементи, поставена е нова атмосферска канализација со нови олуци на зградите, нови клупи и фонтана.
Уредувањето на паркот во Стришани се реализира со средства од буџетот на Општина Кочани преку младински активизам, со цел да биде оформен простор од младите за младите. Младинската иницијатива е преку здружението „Еко тим Исток“ заедно со младинските совети од двете средни кочански училишта, кои учествуваа со изработка на дел од елементите во паркот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово