Во свое соопштение за јавност опозициската СДСМ го критикува Министерот за здравство Арбен Таравари за состојбата околу вработувањето на споецијализантите во здравството.
“И по осум месеци откако вети дека ќе обезбеди вработувања за специјализантите, Таравари нема решение за нив. Како што и самиот вели, за него се приоритет етничките теми, за сè друго може да се дискутира понатаму. Оваа шокантна изјава на главниот политички партнер на Мицкоски, премиерот-нем набљудувач кој немо ја следи оваа состојба, е признание за целосниот дебакл на Владата да одговори на проблемите во здравствениот сектор, но и да реши било кое друго конкретно прашање кое е од интерес на граѓаните.
Во отсуство на идеи и капацитет да се соочи со реалните проблеми, со децата кои умираат по клиниките, недостатокот на лекови и персонал, Таравари реши да се посвети на она што знае дека единствено може да го спаси од оваа ситуација – етничките теми и прашања. Граѓаните не се веќе наивни и овие игри одамна ги имаат прочитано. Тие бараат решенија за проблемите кои ги мачат секој ден, очекуваат помош од Владата за заштита на стандардот кој тоне, очекуваат министерот за здравство да зборува за здравство, а не да глуми патриот.
Стратегијата на поделби на Таравари и Мицкоски е прочитана како буквар. Граѓаните веќе нема да дозволат да бидат излажани со оваа пропаганда.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од СДСМ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина