БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уште колку пати министерката Тренчевска ќе потпишува договор за изградба на градинка во Делчево за таа конечно да започне?

Пренеси го гласот

Денеска Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во кабинетот на градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски потпиша Договор за изградба на нова детска градинка во Делчево откако во мај 2022 година исто така беше потпишан Договор за изградба на оваа детска градинка која градоначалникот Трајковски ја ветува на делчевчани со години наназад.

Во јануари 2022 година градоначалникот Горан Трајковски се заблагодари на министерката Тренчевска и МТСП за издвоените сретства за изградба на детска градинка во Делчево кои според тогашнота изјава на градоначалникот биле обезбедени во рамки на Буџетот на министерството за таа 2022 година.

Во мај истата година министерката Тренчовска присуствуваше во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски каде што со повеќе фотографии, ракување и насмевки соопштија дека потпишале договор за изградба на детска градинка.

2022 година помина а оваа нивна фотосесија помина без никакви активности на терен а денес на 7 септември министерката Тренчовска повторно беше во кабинетот на градоначалникот каде потпишала Договор за изградба на детска градинка….

По ваквиот расплет на настаните логично се поставува прашањето зошто двапати се потпишува Дговор за изградба на градинка во Делчево?

За ваквата ситуација со своја реакција во јавноста излегоа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево кои што сметаат дека ваквата пропаганда на министерката е како резултат на паниката и хаосот во кој што се наоѓа власта на СДСМ и премиерот Ковачевски со оглед на лошиот рејтинг кај граѓаните. Од опозициската партија во Делчево сметаат дека ваквото потпишување двапати на договор за изградба на детска градинка во Делчево е блед обид на министерката да издејствува глас повеќе на наредните избори додека на терен нема никакви градежни активности со кои ќе се реши долгогодишниот проблем на делчевчани.

bregalnickimarketing

“-уште колку договори треба да бидат потпишани за да се започне со изградба на детска градинка во Делчево што е РАБОТНА ОБВРСКА на Министерството за труд и социјална политика да обезбеди предшколско згрижување на сите дечиња во државата?
Делчевчани станаа имуни на политички измамници од типот на Трајковски и Тренчевска и верпјатно токму тоа е причината за бегство на СДСМ од избори како ѓавол од темјан.”

-напишаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО во својата реакција упатена до јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот