Активирањето на Димитар Апасиев во функција на оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ му служи само на СДСМ и ДУИ и нивниот опстој на власт во Македонија. Гласањето на измените на Казнениот Законик во собранието беа усвоени со 48 гласа ЗА од редовите на владеачката коалиција и 33 гласови ПРОТИВ од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Од ТВ снимка на преносот на седницата може да се забележи дека во салата се присутни вкупно 63 пратеници од владеачката коалиција, наспроти 33 пратници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, така што кворум за изгласување на овие измени власта секако имаше обезбедено.
Оттука се наметнува прашањето која е причината за “килавата” пропаганда преку социјалните мрежи која ја наметна Димитар Апасиев/Левица со цел за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ дека направиле кворум за да бидат донесени овие измени на Казнениот Законик по предлог на владеачката коалиција? Дополнително ова прашање добива на интензитет ако се проследат провладините медиуми по гласањето кои ја потхрануваат пропагандата генерирана од Димитар Апасиев/Левица. Со ваквата ситуација секој загрижен Македонец за иднината на Македонија треба да си го постави прашањето: ЗА КОГО ОДРАБОТУВА ДИМЧЕ/ЛЕВИЦА?
Дополнително кон ваквиот сомнеж се придодава и фактот што Димче Апасиев кога ја напуштал салата за да не прави кворум на власт за донесување на измените на КЗ, случајно или не ја заборавил својата електронска картичка во системот за присутност со што самиот тој одработувал де факто за кворумот на власта.
Многу случајностi за да не постои правило…
Димитар Апасиев во јавноста е познат активист на т.н. Шарена Револуција која што беше главен катализатор за устоличувањето на Зоран Заев на власт во државата. Дополнително Димче Апасиев беше солидно платен како советник на Катица Јанева во време на фамозното СЈО.
Живееме во историски времиња за Македонија и од целокупната Македонска јавност особено од младата популација зависи иднината на оваа држава и тоа дали мнозинството Македонци ќе потпаднат пот влијанието на евтината ПР пропаганда на СДСМ и Димче/Левица.
Пишува: Анастасов Кирчо
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кому му пречи соработката меѓу демохристијански народни влади во Европа?
Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…
Предлог мерка за заживување на земјоделието: Државата да додели 1200 хектари на пратениците и сите субвенции за да произведат храна за народот