БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Успеа притисокот на Македонскиот народ под водството на ВМРО-ДПМНЕ. Борбата за Македонија продолжува!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По денешното отфрлање на францускиот предлог од страна на премиерот Димитар Ковачевски, политичката реалност во Македонија се менува на подобро.

Оваа огромна победа на Македонскиот народ над самоволието на октроираната влада во Скопје е еден историски чин кој што ќе остане запаметен во Македонската историја.

Но ваквата ситуација налага целосна будност, трезвеност и мудрост- епитети кои што Македонскиот народ најдобро знае да ги практикува во време на криза.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На ваквото денешно ретерирање од страна на Димитар Ковачевски во однос на францускиот предлог иако истиот бил одобрен од страна на претставници во Министерството за надворешни работи што беше повеќе од очигледно во изминатите неколку денови, му претходеа сплет од околности кои што доведоа до ваквиот резултат на неегово отфрлање.

Јавниот револт на голем број интелектуалци, граѓани во Сккопје но и насекаде низ државата, политичките пораки во собранието од страна на пратеници и пратенички групи како и пораките на коалициските партнери во власта беа капката која ја прелеа чашата на толеранција на анти македонските политики на владата на СДСМ и ДУИ.

Но, катализатор за ваквиот исход е точно временски прецизираниот протест на Македонските граѓани под водство и организација на ВМРО-ДПМНЕ одржан во саботата на 18 јуни, каде што импресивната бројка на Македонски граѓани јасно и гласно со своето присуство дадоа поддршка на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во зацртувањето на Македонските црвени линии позади кои нема попуштање во сите актуелни негаторски влијанија надвиснати над Македонија.

Делувањето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ исправена пред предизвикот во оваа ситуација каде што Ковачевски беше подготвен да прифати се што ќе му стават на маса во Брисел, беше широко синхронизирано на сите нивоа во партијата и го даде посакуваниот резултат. Сите структури на партијата почнувајки од Претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, членови на Извршниот Комитет- пред се Драган Ковачки, претседателот на УМС и претседателката на Унија на жени, Александар Пандов и целата структура на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ “Гоце Делчев”, заедно со неприкосновените ВЕТЕРАНИ на партијата, па се до општинските комитети ширум државата….

Оваа победа беше плод на многу мудрост и знаење, храброст и жртви!

Сепак главниот збор во ваквиот пораз на политиките на СДСМ и ДУИ во евроинтегративните процеси на државата под уцена на Бугарија, оди на контото на Македонските граѓани кои што беа на висина на задачата си своето спротивставување и бурни реакции во јавност.

БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace