БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

АД ЕСМ ќе ги обезбеди потребните количини на ел. енергија потребни на ЕВН Хоме

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

АД ЕСМ ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме со рок до 24.6.2022г. АД ЕСМ достави до Влада пресметки и предлози во однос на цената и количините, по што Владата на затворена седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Согласно одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира на повикот на ЕВН Хоме.

Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврди дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100% да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60%), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО. За таа цел, АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022г. за 20% од производството во 2021г.

Конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27% , поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување).

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино.

-соопштение на АД ЕСМ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace