БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љутков: Огромен успех на македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Унковски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за култура и туризам во Македонската Влада Зоран Љутков денеска оствари средба со режисерот Георги Унковски на последниот Македонски долгометражен филм “Диџеј Ахмед” кој што неодамна се закити со престижно меѓународно признание од областа на филмската уметност.

“По светската премиера на реномираниот филмски фестивал „Санденс“, каде ја освои специјалната награда на жирито за креативна визија, но и наградата од публиката, македонскиот филм “Диџеј Ахмет” на Георги Унковски добива исклучително внимание од љубителите на седмата уметност.

Филмот веќе е продаден во многу земји, вклучувајќи ја Канада, Австралија, Нов Зеланд, Шпанија, Португалија и многу други. Унковски ме информираше дека во тек се преговори за прикажување и во други земји ширум светот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Диџеј Ахмет” е драма за 15-годишно момче од јуручко село во Источна Македонија кое наоѓа утеха во музиката и сонува да стане диџеј, а од друга страна растргнат помеѓу очекувањата на татко му и конзервативната заедница.

Станува збор за копродукција помеѓу „Синема футура“, „Сектор филм“, „Алтер вижн“, „Аналог вижн“, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“, а е поддржан од нашата Агенција за филм.

Честитки за целата екипа!”

-напиша на социјалните мрежи Министерот Љутков во врска со оваа средба.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace