БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Петрушевски: Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското Собрание Бране Петрушевски објави јавно сомнежи и индиции за незаконското работење на шефот на Јавното обвинителство Љупчо Коцевски.

Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки. Љупчо Коцевски како шеф на ЈО покажа дека е безпоговорен послушник на СДС, посочува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дека Љупчо Коцевски не планирал да гони криминал, туку да ги штити кадрите на СДС е непостапувањето против судиите и обвинителите во случајот со Наќе Георгиев и Иџет Мемети, кои признаа вина дека се стекнале со имотна корист за да влијаат на намалување на казната на Боро Марлборо. Љупчо Коцевски ги остави метастазите на СДС во правосудството да се шират. Љупчo Коцевски како шеф на ЈО покажа дека е неспособен да реализира предмети на висока корупција, затоа што ги штитеше кралевите на криминалот и корупцијата – СДС, вели Петрушевски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пратеникот посочува дека во јавноста и стручната фела нема еден аргумент зошто Љупчо Коцевски треба да остане, а милион зошто треба да си замине.

-Време е за одговорност, посочи тој.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace