Првиот работен ден како дополнителен технички министер за земјоделство го започнувам теренски во Големо Коњари, Прилеп, на средба со тутунарите бидејќи во моментов актуелен е откупот на тутун.
Поразговаравме за проблемите со кои се соочуваат тутунарите и ги разгледавме опциите што можеме да направиме во овој период за да им се помогне на земјоделците.
Сакам да најавам дека во наредниве сто дена ќе дадам се од себе да се спречат злоупотребите, манипулациите и омаловажувањето на земјоделците ширум Република Македонија и дека во нас ќе имаат силен партнер кој што ќе се погрижи да го добијат тоа што го заслужуваат.
-соопштение упатено во јавноста од страна на новиот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостоипанство Цветан Трупуновски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот