Професорката Билјана Ванковска во врска со денешното изгласување на измените на Изборниот законик од страна на парламентарното мнозинство составено од партиите СДСМ, ДУИ и дел од БЕСА се јави со своја реакција на фејсбук:
Ако е вистинска партија, ВМРО-ДПМНЕ сега мора да го бојкотира парламентот кој ја укина демократијата, опозицијата и владеењето на правото (Уставот). Секоја секунда што ќе ја минат таму е знак на нивно директно соучесништво во демонтирањето на уставниот поредок (она пто остана од него). Овде веќе не станува збор за калкулурање и математички операции, туку за хамлетовски избор! Мицковски досега требаше да одржи итна прес-конференција и да каже дека партијата излегува од Собранието и ќе го повика народот на граѓанска непослушност и бојкот. Без уставност и законитост нема држава, односно таквата држава е тиранија!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието