БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Васил Маневски: МОЈОТ ДЕМАРШ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Учените соседи наши си се собрале во Софија
Потомците на силниот и славен Аспарух Хан
На актуелна научна дебата на тема Македонија
И донеле јака декларација од името на БАН.

Мудро и корисно решение нашле научниците
Решиле дека нема, не постои македонски јазик
И дека мора да прават исправки на учебниците
За Македонија да продолжи кон Европа да гази.

Ништо не чувв и разбрав за браќата фашисти
За нивниот зулум во тиквешкото село Ваташа
Во чија армија служеле. војниците – туристи
Ослободители ил окупатори на татковина наша.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На провокациите се смеат академиците на МАНУ
Демек во БАН имало и има инакумислечки колеги
Но биле преплашени од нивните политичари таму
Од нив ни траг н и глас гпротив очигледните лаги.

Нашите МАНУ-вци молчат си ја чуваат фотелјата
Само одвреме навреме некој глупости тропа
Леле Македонијо каква ли те снајде белја
да одиш Обезимена, обесчестена во Европа.

На ред за исправка е Британската енциклопедија
Од учените и најумните глави умот да ти штукне
Македонскиот јазик ќе го бришале од Википедија
Се плашам на арно не е калашников да не пукне.

Дедовците наши орале со рало, копале со мотика
Земјата ја обработувале со голема љубов и труд
Создале држава направиле закони со здрава логика
Сега насекаде лаги, кражби, разбојништва и блуд.

Креирано од:


Пренеси го гласот