Што е љубов?
Да ги поливаш цвеќињата
Да ги галиш мачињата
Да ги храниш кучињата
Да играш со дечињата.
Да ги слушаш родителите
Да ги почитуваш учителите
Да ја познаваш географијата
Да учиш од историјата.
Да го вееш знамето
Да ја пееш химната
Да ја кажуваш вистината
Да ја сакаш правдината.
Тоа е љубов кон татковината.
Васил МАНЕВСКИ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час