Вечерва со настап на Охридското лето, ќе настапува еден од најдобрите виолончелисти на денешницата Александар Књазев. Концертот со дела од Јохан Себастијан Бах ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во 21 часот.
Русинот Александар Књазев е еден од најдобрите виолончелисти во светот. Роден е во Москва, Русија и е професор на Конзерваториумот во Москва
Соработувал со извонредни диригенти – Евгени Светланов, Јури Темирканов, Мстислав Ростропович, Владимир Федосејев, Јури Башмет, Максим Шостакович и Ними, виолинистот Вадим Репин, пијанистот Николај Лугански, виолинистот Виктор Третјаков, пијанистот Борис Березовски и многу други изведувачи од целиот свет.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи