По осумнаесети пат годинава, „Друштвото на родители за грижа за здраво поколение“ од Велес, го организира едукативниот камп „Климатска рехабилитација”.Кампот се одржува во периодот од 5. до 11. август 2019 година, на планината Кожуф, во детското одмаралиште „Михајлово”, каде оваа година триесетина деца од Велес, се дел од проектот „Климатска рехабилитација“.
„За време на седумдневниот престој, учесниците на рехабилитацијата, покрај секојдневните прошетки во природа, имаат можност да се дружат и запознаат меѓусебно и да научат нови животни вештини, преку организирани едукативно-интерактивни работилници на неформален начин. Престојот на планина, како воздушна бања е од исклучително значење за превенција од респираторни заболувања и позитивно влијае на општото здравје кај децата”, истакна Иванка Андова, претседател на здружението.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
83 годишен затвореник во затворот во Штип од Македонска Каменица починал во Клиничката Болница во Штип
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип- Радовиш, двајца возачи со тешки телесни повреди
Министерство за здравство: Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти