БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Венко нема право да одлучува за да се распродава НИТУ ЕДНА ЦИГЛА од НАШАТА БОЛНИЦА, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани денеска излезе со своја реакција во врска со најавите на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче за затварање на болницата во Кочани.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Кристина Атанасова-Арсова од штабот на опозициската партија од Кочани:

“Венко Филипче, министер за здравство во владата на Зоран Заев деновиве најави затворање на нашата болница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Стечај претставува престанок на работата на претпријатието поради неликвидност.

Венко ли е новиот стечаен управник на болницата во Кочани, наместо унапредување ќе сведочиме ли на уште едно раскрчмување? Ќе ни каже ли министерот во чии раце ќе одат зградите а каде ќе одат пациентите од Источно-Брегалничкиот регион откако ќе заврши со “стечајната постапка”? Со ваквиот однос сваќаме дека за власта- Македонија не е држава, Македонија е посед, имот кој чека да биде приватизиран! Доаѓа лошо време за пациентите коишто гравитираат кон Кочанската болница! Се поставува прашањето: Каде ќе одат пациентите, знаеме за богатите, туку каде ќе одат обичните луѓе кои чекаа да дојде животот?!

Кочанската болница е градена со самопридонес од граѓаните на Кочани. Венко нема право да одлучува за да се распродава НИТУ ЕДНА ЦИГЛА од НАШАТА БОЛНИЦА!

Останува само Министерот под итно да ги повлече изјавите и да се зафати за работа за подобрување на условите во болницата во Кочани!

ВМРО ДПМНЕ од Кочани цврсто се спротивставува на идеите за затворање на Кочанската болница! “

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace