Со Божја промисла и човечка заложба денес Недела 03.06.2018 година на светиот празник посветен на “Свети Цар Константин и Царица Елена” беше осветен камен темелникот на новиот Божји храм-црква која ќе се гради на врвот на планината Голак (Чавка 1536 мНв).
Осветувањето го направи Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Иларион во присуство на ктиторот на новата црква и голем број на граѓани од општествениот живот во Делчево, Виница, околните општини и пошироко во државата.
Ктитор на црквата е младиот Мите Стојковски- делчевец кој живее во Скопје со неговото семејство.
На свечениот чин присуствуваа Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, Пратеничката од СДСМ во Македонскиот парламент, Мира Стојчевска, Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и Градоначалникот на Виница Ивица Димитров.
Изградбата на црквата ја работат познати и признати мајстори градители на ваков вид на објекти од Мала Преспа, Албанија.
[Best_Wordpress_Gallery id=”14″ gal_title=”Камен темелник, црква Голак”]


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината
29 годишник од Кочани ја нападнал својата 35 годишна вонбрачна сопруга
Работник паднал во отворена шахта на неговото работно место во селото Градец, виничко