Женскиот фудбалски тим Тиверија од Струмица е новиот освојувач на трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, откако стана победник во финалето кое се одигра на стадионот на ФК„Кит-го“ во Пехчево против ЖФК Драгон од Скопје со неверојатен резултат 5:0.
По првиот дел, струмичанки имаа еден гол предност, но во второто полувреме му ставија крај на мечот со уште 4 погодоци плус.

Трофејот за освоениот Куп на Македонија на фудбалерките на ЖФК Тиверија им го додели членот на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Светозар Станковски.
Ова е прв пат ФФМ да организира едно големо финале во крајниот исток и тоа во Пехчево, еден позитивен чекор плус за спортот во овој регион.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево