Вечерва во локалната канцеларија на Левица во Делчево се одржа координативна средба на членовите на оваа политичката партија при што имаше и мини настан за промоција на програмата на кандидатската листа на советници за советот на општина Делчево на локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври.
Пред почетокот на настанот своја изјава за медиумите имаше Димитар Апасиев-Претседател на Левица кој подоцна одговараше и на новинарски прашања а свој одговор на новинарско прашање имаше и Сања Николовска- носителка на советничката листа на Левица во Делчево.
“На ниво на Република Македонија Левица за првпат оди со околу 40-тина листи и осум кандидати за градоначалници. Рејтингот ни е дупло зголемен од парламентарните избори и очекуваме освојување над 50-60 советници согласно рејтингот со кој што располагаме. Бидејки не правиме класични митинзи, ова е една од средбите каде што се врши мобилизација на членството со цел да постигнеме добри резултати и на територија на општина Делчево,”
-соопшти Димитар Апасиев во неговата изјава за присутните медиуми.
Во одговори на новинарски прашања Апасиев соопшти дека не предложиле совоја кандидатска листа на советници во Берово не од политички причини туку од организациски имајки ја предвид сопствената структура на терен. Тој навести дека во периодот кој што следи во оние градови кои што ќе ги пикираат ќе развиваат дополнителна инфраструктура во иднина после изборите.
Понатаму во однос на досегашниот тек на кампањата и ставот на Левица за нивото на фер и демократски капацитет на овие избори, Апасиев го истакна ставот дека со законски пречки е оневозможен фер и демократски тек на кампањата мислејки пред се на распределбата на финансиските сретства на политичките партии што е материја дефинирана со закон.
Во однос на прашањето за постизборни прегрупирања на пратеничкото мнозинство во парламентот и можните предвремени парламентарни избори Апасиев изрази убедување дека во принцип Левице со сите сили се залага за пад на актуелната власт на Заев и ќе работат во таа насока во претстојниот период.
Во однос на прашањето поврзано со изјавата на Гоце Цветковски- кандидатот за градоначалник на Охрид за причините за замрзнувањето на неговото членство во Левица, Апасиев одговори дека станува збор за идеолошки несогласувања со локалниот огранок на Левица во Охрид поради што е замрзнато неговото членство во Левица а не е поради несогласувањата предизвикани од истакнувањето на знамето со златножолтото шеснаесеткрако сонце.
Во одговор на новинарско прашање носителката на кандидатската листа на советници на Левица во Делчево Сања Николовска зборуваше за нивните приоритети за кои што ќе се залагаат како идни членови во Советот на Општина Делчево.
Целата изјава изворно на Димитар Апасиев и Сања Николoвска може да ја погледнете во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово