БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Видео: Во Делчево одбележана 118 годишнината од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред споменикот на Македонскиот револуционер и идеологот на Македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, денеска беше одбележана 118 годишнината од неговата смрт во 1903 година во селото Баница, Серско, Егејска Македонија.

По тој повод делегации на Општина Делчево, Советот на Општина Делчево, политички партии, здруженија на граѓани и локални институции се поклонија и положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Делчев во центарот на Делчево.

Гоце Делчев со својата учителска и револуционерна дејност голем дел од својот живот го има поминато на овие простори додека бил учител во штипско Ново Село.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Еден од каналите за пренесување на оружје за организацијата бил на релација преку денешните Осоговски планини, Вратиславци, Црквенец, Делчевско и Панчаревско. Во текот на својата организациона активност многупати претстојувал во атарот на тогашното село Султанија (денешно Делчево).

Токму заради улогата која ја одиграл Гоце Делчев во будењето на свеста и духот на пијанечкиот народ за своја слобода и независност, делчевчани му се оддолжуваат на овој свој син со тоа што го именуваат тогашното Царево село во Делчево во 1950 година со одлука на тогашните власти.

Креирано од:


Пренеси го гласот