БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВИДЕО: Втора сезонска победа за МЗТ Скопје во АБА лигата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа втората победа оваа сезона во АБА-лигата, откако синоќа во Лакташи со фантастична игра во нападот ја совладаа фаворизираната Игокеа со 108:99.

Во последниот дуел од 4. коло во регионалното натпреварување, триумфот за македонскиот шампион беше сосема заслужен, бидејќи „сино-белите“ водеа во најголемиот дел од средбата. Шутот беше на високо ниво со дури 13 постигнати тројки и 60-отстотна прецизност во ударите за два поени, а МЗТ доминираше и во скокот со дури 22 скока повеќе во однос на противникот (46:24).

По оваа победа МЗТ Скопје заедно со Игокеа и со уште шест други екипи имаат биланс од по две победи и два пораза.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дамјан Стојановски постигна 23 поени и тоа по перфектното прво полувреме во кое реализира 17 поени без ниту едно промашување од поле (7/7). Јордан Минчев блесна со 19 поени, Бојан Трајковски и Бред Бејли реализираа по 17, а Јуре Лалиќ застана на 14 поени.

„Штрковите“ веќе утре ќе го пречека тимот на Шкупи во меч од 2. коло од домашната Првата лига, а следен противник во АБА-лигата му е тимот на Цибона, кој следниот понеделник ќе гостува во „Јане Сандански“.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace