Преку социјалните мрежи е објавен новиот видео запис за песната “Портрет на човекот страдалник” чиј што целосен автор е мултиинструменталистот Филип Јездиќ а во вокална изведба на Наташа Седлоска.
Станува збор за емо-прогресив-рок композиција која на моменти прераснува во дарк готик амбиент кој што одговара на есенска идила, ниво на емотивна рамнотежа и одредена доза на меланхолија. Во песната преовадува карактеристична главна хармониска тема на бас гитарата која совршено е надополнета со соло делниците на соло и ритам гитарата а околу кои што е изграден комплекс на треш гитарски рифови кои што даваат експозивна енергичност и жестина.
Лириката е на Македонски јазик соодветно изградена на мелодиската линија а забележлив е убавиот интонациски распон на гласовните можности на младата Наташа Седлоска кои што на композицијата и даваат бајковиден призвук.
Песната по повеќе слушања лесно легнува на увото на слушателот и останува да сведочи за имагинацијата и артистичкиот сензибилитет на нејзиниот автор кој што гради единство со својот слушател на едно убаво ундивидуално ниво кое вреди да биде продлабочено со нови композиции.
Снимање, микс и мастер е на Томе Темелкоски а за снимањето на видео записот и монтажата се на Јосиф Трајкоски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
🎭 Поддржете ги нашите 16 млади балетски уметници да заблескаат на Финалето на Youth American Grand Prix! ✨
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2025. – повик за пејачи, автори од Македонија
Таа е кралицата на New Age музиката, живее во замок до кој се пристапува со хеликоптер