БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Клопчето почна да се размотува: Над 60 фирми испумпале 3,2 милиони евра од ФИТР со проблематични проекти. Следуваат кривични!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција директорот на Дондот за иновации и технолошки развој Никола Додов изнесе сериозни обвинувања за индиции за голем број на злоупотреби на финансиски сретства преку Буетот на оваа владина институција од страна на претходните власти и менаџмент на ФИТР.

Станува збор според изнесените информации на прес конференцијата за над 60 фирми кои што преку проблематични апликации на проекти добиле финансиски сретства во големи износи од буџетот на ФИТР.

Додов информираше дека врз основа на досегашната спроведена ревизија е поведена истрага за над 192 милиони денари или 3.2 милиони евра за компании кои што според индициите биле блиски до претходните партии на власта.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дополнително директорот Додов изнесе податоци за ненаплатени 1.3 милиони евра побарувања од страна на ФИТР на име на оперативни трошоци од страна на претходното раководство. Од актуелното ново раководство на ФИТР Додов истакна дека се наплатени околу 600 илјади евра што претставува еден особен куриозитет во работата.

Во наредниот период директорот на ФИТР Никола Додов најави дека ќе излезе во јавноста со информации за поднесувањето на кривични пријава кон сите актери за кои што ќе се покажат индиции за законски прекршувања и злоупотреби

Целата прес конференција од денешниот ден на Директорот на ФИТР Никола Додов може да ја погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace