БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Високотехнолошка канадска фирма инвестира во Штип, што ќе значи над 600 нови работни места и импулс за економијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска Премиерот на Македонската Влада Христијан Мицкоски беше присутен на настан за одбележување на почетокот на работата на нова фабрика во Технолошко индустриската зона во Штип.

Станува збор за нова фабрика на канадската компанија „Магна мехатроникс“ која што е втора по ред по онаа во ТИРЗ Струга и ја засилува определбата на оваа компанија за присуство на европскиот пазар. Оваа компанија е еден од позначајните стопански субјекти во Канада кои што се занимаваат со производство на делови за автомобилската индустрија. Инвестицијата се проценува на околу 50 милиони евра, а се очекува до крајот на оваа календарска година да се отворат околу 350 нови работни места а за до крај на заокружување на производствениот процес бројката на нови работни места да достигне до 600 нови работни места.

Премиерот Мицкоски во своето обраќање пред присутните и јавноста ја истакна важноста за реализацијата на оваа странска инвестиција за локалната и регионалната економија, но и ја апострофираше придобивката од знаењето кое што се применува во високотехнолошките процеси за производство на делови за автомобили што ќе биде реално олицетворение на севкупното знаење на високостручните кадри на кои Премиерот Мицкоски им предавал во рамки на неговата матечна високообразовна институција- Машинскиот Факултет во Скопје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целиот видео пренос од настанот може да го проследите во видеото пренесено од Владата на Република Македонија преку социјалните мрежи:

Креирано од:


Пренеси го гласот