БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата го става на располагање одморалиштето на Пониква за лекување на повредените од пожарот во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од Владата портпаролката Марија Митева ја информираше јавноста за напорите на Владата да обезбедат поблагопријатни услови за лекување на повредените од кочанската дискотека.

За таа цел Владата на Република Македонија го става на располагање одморалиштето “Пониква” кое што е во соодветен амбиент и местоположжба за оваа намена, за што на наредната седница на Влада ќе донесе одлука за преотстапување на ова одмаралиште за потребите на Министертстово за здравство.

“Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како што соопшти владината портпаролка Марија Митева, одморалиштето има 27 соби и 56 легла, а е лоцирано во природна и мирна средина што го прави погодно за пациентите.

-Станува збор за пациенти кои се веќе стаблизирани, но за кои постои потреба од натамошен третман. Тие ќе се распределат во неколку групи и ќе им се обезбеди персонализиран пристап, истакна Митева на прес-конференција во Владата.

Оваа мерка, напомена, е институционален одговор.

-Нема ништо поважно од човечкиот живот и достоинството на луѓето, потенцира Митева.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace