БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата на ДУИ со премиер од СДСМ експресно одби изградба на пат Кочани- Делчево преку Калиманско поле

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На собраниската расправа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки од името на пратеничката група на опозициската партија побара финансирање на проект за изградба на современ пат од Кочани до Македонска Каменица и Делчево преку винички Превалец, Калиманско поле, Бигла и Очипала па се до бугарска граница кај месноста Црна Скала.

Ваквиот проект ќе значи побрз и побезбеден проток на патници и материјални добра со што економски ќе заживее и овој најнеразвиен дел од регионот и државата.

Но власта на СДСМ и ДУИ како и во претходните години експресно го одби овој амандман предложен на комисиската расправа во собранието.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Притоа Драган Ковачки најави дека од првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт на наредните избори ќе се посвети на реализација на овој проект и овој патен правец да биде изграден за доброто на граѓаните од Делчево и Македонска Каменица но и целиот регион.

“Во мандат на ВМРО-ДПМНЕ се направи автопатот до Штип и се испроектира и исфинансира експресниот пат до Кочани којшто 6-та година СДС не може да го заврши и пушти во употреба.

Во најголемиот буџет во историјата на Македонија, предложивме да се продолжи со поврзувањето и на останатиот дел од истокот, односно да се испроектира пат од Виница (Превалец) преку Калиманско поле, Бигла, Очипала и понатаму во идна фаза да се спои на автопатот “Струма” во Бугарија.

Во проектирањето потребно е да се изнајде решение за поврзување и на Македонска Каменица.

На тој начин нема да останеме само со постоечките патни решенија, туку ќе го забрзаме и протокот на луѓе и капитал и кон соседна Бугарија. Со постоечкото патно решение граѓаните се изложени на несигурност поради честите одрони, а голем дел од граѓаните од крајниот исток побрзо стигнуваат до Софија отколку до Скопје.

Сите делови од државата мора да се развиваат подеднакво и да се поврзуваат инфраструктурно доколку сакаме инвестиции со кои ќе им се подобри животот на граѓаните.

Владата на ДУИ во која СДС има премиер и по неколку министри или заменици, овој предлог експресно го одби.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе испроектира такво инфраструктурно решение и ќе ја подобри поврзаноста и со главниот град на Македонија и со соседна Бугарија, затоа што тоа е неопходност, а не е луксуз.”

-соопшти праатеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace