БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата на Ковачевски во еден ден доделила два тендери со околу 400 илјади евра за рејтинг агенцијата на Никола Спасов, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Владата на Димитар Ковачевски, преку генералниот секретаријат во еден ден доделила два тендери во вкупна вредност од близу 400.000 евра на главниот анкетар на антимакедонската СДС, агенцијата РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Никола Спасов, и тоа за осмислување и реализација на активности за учество на државата на 4-дневен Саем на вино, храна и туризам во Белград, и за осмислување и реализација на 1-дневен Фестивал на храна и вино во Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај бројните нарачани анкети своевремено агенцијата Рејтинг, била партиско биро за вработување на кадрите на антимакедонската СДС, имено истата анкетната куќа е фирмата од која што доаѓа Мартин Попов, сега шеф на кабинет на премиерот Димитар Ковачевски. Омилената рејтинг агенција на антимакедонската СДС во услови на криза и огромна сиромаштија, кога 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден, од владата на Ковачевски и нивниот поранешен вработен Попов добива близу 400.000 евра. Нерационално и криминално е да се трошат 400.000 евра народни пари во криза и општа сиромаштија, за работи за кои можат да се завршат и од страна на владините агенции, криејќи се зад превезот „промоција на Македонија“ практично плаќаат за партиска промоција во иднина, потенцира Томовски.

Тој додава дека нејасно е, што точно агенцијата Рејтинг треба да изработи за владата за саемска промоција за 4 дена, и истото да го наплати 400.000 евра.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Дали со тие пари де јуре се покриваат само електронските флаери кои што ги видовме на фејсбук страницата на Димитар Ковачевски, а де факто се покриваат нарачаните анкети на партијата во иднина? СДС треба да знае дека анкетите во реалност се прават за реални цели, а не за хранење на и тие малку партиски членови, кои ја имаат изгубено довербата во нив. Ниедна таканаечена промоција или анкета ќе ги спаси од пораз, вели Томовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace