БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата во својата инвестициска програма има фокус и на заштитата на животната средина со приоритет за изградба на пречистителни станици за 3 големи градови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Владата на Републик Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, каков вид на проекти се предвидува со одлуката за проектите за капитални инвестиции за општините од сегментот на Министерството за животна средина и просторно планирање, бидејќи дел од обвинувањата се дека оваа област е запоставена, информираше дека Владата инвестира во проекти коишто дел се за заштитата на животната средина.

Почнуваат да се реализираат проектите за пречистителните станици во Битола и скопската, а се очекува да отпочне и проектот за пречистителната станица во Тетово, за што се предвидени 680 милиони денари. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Да има, има и такви проекти. Се разбираат животната средина е наш приоритет и многу се вложува тука се работи на тоа, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Има некаде околу 700 мислам дека е околу 680 милиони денари најточно, проекти коишто се дел од заштитата на животната средина и продолжуваме понатаму да инвестираме во животната средина во оние програми коишто веќе ги имаме од минатото. Добив информација дека почнува проектот постепено да се реализира за пречистителната станица во Битола. Слично нешто очекувам и за Тетово, скопската гледам почнува да се задвижува итн. сега сакам да кажам дека апсолутно ни се приоритет тие проекти“ изјави премиерот Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace