На денешната прес конференција во партиското седиште, пратеникот Владимир Ѓорчев изнесе алармантни податици за состојбата со исселувањето на населението во Македонија.
Во продолжение интегрално ја пренесуваме во целост неговата изјава:
Оваа прес конференција ќе биде посветена на темата поврзана со иселувањето и егзодусот во Македонија, по повод секојдневните извештаи за падот на ученици во Македонија од општина по општина. Падот на новородени деца и зголемување на иселувањетоз
-соопшти Владимир Ѓорчев.
Наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до егзодус и невидено, невидено до сега иселување.
Се иселуваат луѓето од сите региони на Република Македонија, се иселуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, се иселуваат луѓето од Полог, Тетовско, Гостиварско, Липковско. Си заминуваат луѓето од Битолско, од Прилепско, од Охрид и Охридско. Ова е невиден, невиден егзодус.
Последица на штетните политики на Зоран Заев и на неговата Влада.
Од Македонија секогаш имало иселување. Но ова што сега го гледаме како невидено иселување како егзодус. Како евакуација од Македонија на цели семејства до сега не сме го виделе никогаш. Од долгите векови на македонска историја.
Со тага и со тежина вчера беше објавена веста дека за само 10 месеци, внимавајте само од Нова година речиси денес од основните училишта во Штип и од средните училишта се отпишани 77 ученици. 77 отпишани ученици само од Штип.
Жал и тага. Тоа значи дека од градот Штип од најголемиот центар од најголемиот град на Источна Македонија само од Нова година до сега, само откако ја поскапеа акцизата на дизелот Заев и Анѓушев заедно со Тевдовски се иселени околу 300 до 400 граѓани.
Понатаму, ако го видиме бројот на отпишани ученици во Кочани, Кочани е помал град, само од Кочани од истиот дел од годината значи од почетокот на годината до сега се отпишани 20 ученици. Тоа не е толку голем град, значи во Кочани само од почетокот на годината отпишани се 20 ученици.
Уште еднаш ако треба сето ова да го резимирам и да го заокружам би го кажал следново, наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до невидено, невидено до сега иселување и егзодус.
Си заминуваат и се евакуираат цели семејства. Си заминуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, бегаат луѓето од Полог, од Тетовско, од Гостиварско, од Липковско, од Дебарско, од Маврово – Ростуша, си одат луѓето од Струшко и од Охрид. Се испразнува и иселува Битола, Прилеп исто така, луѓето од Струмица си одат. Да не ги набројуваме сите градови.
Штетните политики на Зоран Заев доведоа до тоа да Македонија се истенчува, да народот ни се топи, државата ни исчезнува.
Македонија умира, паѓа бројот на новородени деца, имаме во 2018 година во три квартали најмал, најмало ако има статистика во Македонија, најмал број на родени бебиња.
Страшни падови. Невидени падови. Наместо живот донесоа егзодус и невидено иселување. Жал и тага.
-заврши на крајот пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера