БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта е лицемерна, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како одговор на партиска прес конференција на Општинската организација на СДСМ во Штип, со свое писмено соопштение во јавноста се огласија од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

Истото го пренесуваме во целост:

“Власта е лицемерна! Пред камери се положуваат цвеќиња, а зад затворени врати се скратуваат средства за настани кои имаат долгогодишна традиција. Срамно е што општината одвај предвиде средства за чествување на поетот и тоа на инцијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Срамно е што на настанот за кои беа одделени средства немаше ниту еден претставник од Општина Штип или од советничката група на СДС, за кое на социјалните медиуми е поткрепено и со докази. А уште посрамно е тоа што луѓето кои го распродадоа македонскиот идентитет и ја уништуваат македонската култура, полагаат цвеќиња на дејците кои оставиле траг во македонската историја. Но, граѓаните немаат кратка меморија. Свежи се сеќавањата за тоа кој потпиша капитулантски договори и кој стави црн печат на македонските национални интереси. “

-соопштија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот