Поранешниот “командос” на т.н. Шарена револуција и поранешен прaтеник во Македонскиот парламент кој влезе на оваа функција како дел од листата на кандидати за пратеници на СДСМ во 2016 година, на социјалните мрежи со свој статус се огласи во врска со денешните протести на учениците ширум државата.
За Павле Богоевски било логично да се заклучи и да се претпостави дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ “имаат замешано прсти или барем ја поддржуваат иницијативата”.
Павле Богоевски напиша:
“Денес, неколку гимназии во Скопје ја бојкотираат наставата во знак на револт против аерозагадувањето како дел од акцијата на скопскиот огранок на „Fridays For Future“ – меѓународно движење против климатските промени.
На социјалните мрежи осамнаа пораки дека овие акции се партиски организирани, поточно преку УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, има наводи дека дел од професорите се заканувале со неоправдани часови или на друг начин се обиделе да ја спречат акцијата во училиштата.
Во ова секојдневно политичко лудило, логички (и веројатно) е да се претпостави дека УМС имаат замешано прсти или барем ја поддржуваат иницијативата. Иако „Fridays For Future“ е меѓународно, надпартиско движење. Но, дали тоа значи дека треба да им го делегитимираме правото на јавен собир?”
-напиша во дел од својот фејсбук статус Павле Богоевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист